На 14.11.2025 во 22:00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишија од слобода Б.П.(55) од с.Дулица –општина Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,, кое го управувал Б.П, и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,87 промили алкохол во крвта.
Извор на информација: Министерство за внатрешни работи

