Од Каменичката парохија информираат дека по повод манастирската слава и големиот христијански празник Св. Архангел Михаил, на 21 ноември 2025 година, во петок, ќе биде отслужена Света Божествена Литургија.
Богослужбата ќе се отслужи во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало – Среден Рид во село Саса, со почеток во 08:00 часот.
Од парохијата упатуваат повик до сите православни верници да присуствуваат со молитвено расположение и заедно да го прославиме овој свет и благословен ден.
Добредојдени се сите!

