
Нашата млада гимнастичарка Бисера Карова со екипна бронза на Државниот натпревар во Скопје
Нашата млада гимнастичарка, Бисера Карова од Македонска Каменица, викендов учествуваше на Државниот натпревар по гимнастика што се одржа во Скопје. Таа настапи во категоријата 5–7 години, претставувајќи го Клубот за гимнастички спортови Кочани, каде што тренира помалку од една година.

Екипата од клубот имаше четири натпреварувачки, кои најпрво настапија индивидуално, по што нивните бодови беа сумирани во заеднички резултат. Според конечниот пласман, тимот освои трето место и се закити со бронзен медал во екипна конкуренција.

Бисера Карова е ученичка во прво одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Со гимнастика, активно се занимава и тренира веќе една година во Клубот за гимнастички спортови од Кочани.


