Вардар го победи Баскет кам, нема веќе непоразени
Потсетија „вардарки“ зошто се освојувачки на Купот, уште еднаш беа подобри од шампионот, за голема победа (52:45)
По пет одиграни кола повеќе нема непорзени екипи во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. За тоа се погрижија кошаркарките на Вардар кои со подобра игра во најголем дел од дерби-дуелот беа подобри од актуелниот првак, Баскет Кам.
Творец на победата беше Јана Пислевска, која одигра одлично во последниот период, искреира недостижна позитива за Вардар, доволно за голем триумф по кој се изедначија со екипата од Македонска Каменица на делба на првата позиција на табелата со ефект (4-1).
Вардар имаше подобри моменти во првиот период, но на крајот на истиот, Баскет кам се стекна со минимални (14:13).
Изедначено се играше и во втората четвртина во која ниту една од двете екипи немаше предност повисока од четири поени. Како онаа на гостинската екипа (20:16) во 13.минута од мечот.
Во оние други минути до полувремето, чести промени на водството, минимално на двет страни, и водство, исто така ниско за Вардар (27:25).
На почетокот на третата четвртина, по четирите поени на Пислевска, Вардар поведе со (31:25).
Но не го искористија уште подобро домашните кошаркарки тој добар моментум за да направат уште поголема позитива. По поените на Максимовска, бранителот на титулата дојде до егал резултат (33:33), кога се играше 27.минута.
Нерешено беше и по три одиграни периоди (38:38). Но и по 35.минути од играта (40:40) во скромната, според бројот на реализации, последна четвртина.
Тројката на Пислевска, одново го „одвои“ Вардар во предност (43:40), а младата репрезентативка донесе и повисоки (45:40) за домашната екипа, на нешто помалку од пет минути до крајот на дербито.
Кметовска, за кратко, ја прекина серијата на „вардарки“, но Зафировска врати со тројка, за уште повисоки (50:42).
Пислевска заврши со 16.реализирани поени (имаше и три скока и една асистенција), а Митева додаде 10.поени (и по четири скока и асистеннции) во победничката екипа.
Во поразената, Кметовска и Адамовска реализираа по 13.поени, искомбинираа и 22.скока (10 плус 12), но без вистинска поддршка од помладите кошаркарки, и отсутната (поради повреда на скочниот зглоб), Димова.
Извор на текст: Кошаркарска федерација на Македонија

