Насилен упад во студиото на Инфомакс додека траеше подкастот „Тешки муабети“
Кратко пред полноќ, подкастот во живо беше прекинат, а десет минути подоцна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, повторно се појави за да каже дека некој насилно влегол во студиото сакајќи физички да го нападне бидејќи го навредувал премиерот. Според него, била повикана полиција а против напаѓачот ќе следува кривична пријава

Синоќа нешто пред полноќ, додека траеше епизода во живо на подкастот на Инофмакс, „Тешки муабети“, некој се обиде насилно да влезе во нивното студио и физички да се пресмета со водителите Милош Милошевски и Александар Митовски, додека како редовен гостин во студиото беше поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
Хронолошкиот тек на настаните опфаќаше повеќе важни елеменити, при што важно е да се напомене дека во 25-тата минута од подкастот, Александар Митовски му вели на еден од гледачите што коментираа во живо: „Абе слушај бе да ти кажам тебе една работа, прееска те гледам ни слика си ставил ни ништо, еден фолвер, ме следиш само мене на Инстаграм. Те блокирав. Многу бе силен ти, еве знаеш кај сум, дојди. Што бе вака на Фејсбук. Лингури“.
По речиси еден час, во 77-та минута од подкастот, изгледа дека навистина некој се појавил пред портите на Инфомакс при што Митовски вели: „Лупа овој? Па ѕвони во полиција“.
На прашањето на Јакимовски „кој лупа?“, Митовски одговара: „Па не знам, некој од овие ВМРО-то. Ај стисни пауза да видиме“.
Подкастот е ставен на пауза и по десетина минути Митовски повторно се појавува и вели: „Еве ја, таа е таа вмровската нервозна багра која што сега скрши врата, влезе внатре па малку тулумби и така, меѓутоа во моментов е тука пред врата. Сега чекаме да дојде полиција, не го пуштаме никаде, за да добие кривична пријава за напад на службено лице, бидејќи новинарите се службени лица, за кршење на врата, за насилен упад во приватен имот итн итн. Ние ќе ја одјавиме тука емисијата, ако во меѓувреме завршиме со полицијата ќе се вратиме назад“.
Емисијата во живо навистина продолжи околу 4 часот наутро, кога Митовски информираше дека полициски екипи биле во редакцијата на Инфомакс.
„Некој си непознат, додека траеше прееска емисијата, дошол тука, барем од што видовме од камерите, дојде со такси, почнува да тропа на вратата која што е заклучена бидејќи е на шифра, ја скрши, во тој момент излезе Милош да провери кога стиснавме пауза. Па не знаеше каде треба да оди и потоа кога тргна нагоре да се качува по скалите искрши уште една врата, па уште една и тука се фатија со Милош. Нели, Милош пробуваше да спречи поголем инцидент да настане. Тоа што е многу впечатливо е дека лицево кое што овдека влезе, влезе да го брани премиерот од нашите навреди, со муабетот, „кој си ти“ демек јас кој сум да го навредувам премиерот“, рече Митовски.
Според него, напаѓачот почнал да фрла со чаши, а за денеска најавија дека ќе ги објават снимките.
„Милош и Филип успеаа да го извадата надвор па дојде полиција, тие го приведоа. Ќе се гони по член 386, насилство и напад на службено лице“, рече Митовски во продолжението на подкастот, за по некое време да искоментира дека ваквкиот упад можеби и бил провокација бидејќи тој имауште малку од условната казна за оддавање службена тајна.
Целиот можете да го прочитате на Мета.Мк

