Започнуваат подготовките за традиционалните Бадникови поворки во Македонска Каменица. Организаторите ги повикуваат сите деца и родители да се приклучат и да учествуваат во празничната подготовка преку песна и дружење.
Пробите ќе се одржат во просториите на храмот „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот, на следните датуми: 16, 18, 23, 25 и 30 декември 2025 година, како и на 3 јануари 2026 година.
Бадниковата поворка ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, кога учесниците ќе излезат на улиците на градот за заедничко празнично одбележување.
Организаторите упатуваат отворен повик за учество до сите заинтересирани деца и млади.

