ИЗВЕСТУВАЊЕ за канонска визитација на Неговото Преосвештенство Епископ г.Марко.
На 06.11.2025 година, Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко, во согласност со својата духовна и пастирска мисија, изврши канонска визитација во храмовите и манастирите на Делчевско-каменичката епархија.

При посета епископот изврши увид во целокупниот напредок и функционирање во новоформираната епархија, а при тоа констатираше на терен што е сработено и направено, но и што треба во иднина да се направи.
При посетата, Епископот даде насоки и препораки за унапредување на духовно-пастирската дејност. Тој се консултираше со свештенството за заеднички иницијативи кои ќе овозможат подобрување на условите во храмовите и манастирите, поттикнување на црковниот живот и зајакнување на заедништвото меѓу свештенството и верниците.

