ЈЛБ „Илинден“ Делчево реализираше Бадникова работилница за деца
Во пресрет на божиќните празници, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево реализираше Бадникова креативна работилница за деца. На настанот учествуваа девојчиња кои изработуваа бадникови венци.

Изработените венци беа наменети како подароци и симбол на споделување и грижа за другите, со цел поттикнување на солидарност и општествени вредности кај најмладите.

Од библиотеката упатија благодарност до сите учесници, посочувајќи дека оваа работилница е прва реализирана активност на ЈЛБ „Илинден“ во 2026 година.

