Бендот Корка од Кочани, кој е еден од водечките млади бендови во Македонија, во моментов, на 03. јануари 2026 ја започнува годината со својата прва интернационална турнеја. Бендот ќе одржи 7 концерти низ 6 држави, велат од музичката издавачка куќа Мртов коњ, кои се организатори на турнејата на „Корка“.
Публиката во Приштина, каде бендот ќе свири во алтернативниот културен центар Термокис, ќе можат да ги чујат на првиот ден од турнејата, а веќе следниот ден се во Подгорица, во Друштвениот културен центар Помаранџа. Потоа се спуштаат на море во Задар, каде свират во Автономниот општествено- културен центар Нигдјеземска (во вторник на 06.01.) Им следат и два настапи во Словенија во Љубљана, во Гала Хала и во Културниот дом во Железники на 8ми и 9ти јануари. На крајот од турнејата, по патот кон дома, ќе го посетат Белград со претпоследниот концерт од турнејата (во „Квака 22“ на 11ти јануари. Тие ќе ја завршат турнејата по мал одмор со концерт пред домашната публика во Котур, во Скопје на 19ти јануари.
Оваа турнеја доаѓа после веќе неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот Changeover во Белград оваа есен. Како и посетата во Брисел со нивен концерт на меѓународниот натпревар Imagine Music Experience, кадешто ја освоија наградата од публиката пред само половина месец.
„Корка“ го издадоа своето прво самонасловено EP во мај оваа година и веќе се добро познати на македонската публика после бројни настапи во Кочани и Скопје, и еден во Битола. Тие се истакнуваат, отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук.
„Корка“ е под капата на независната музичка издавачка куќа Мртов коњ, кои се одговорни за организирањето на оваа турнеја.

