Проекција на филмот „Остров“ и духовна дискусија со епископот Марко
Во организација на Делчевско-каменичката епархија заврши најавената проекција на филмот „Остров“, по која следуваше инспиративна дискусија водена од Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Во своето обраќање, пред присутните во киното при Н.Ј. Вапцаров во Делчево, владиката се осврна на ликот на отец Анатолиј и неговата длабока продуховеност, преку која се отвораат теми за покајанието, смирението и Божјата милост.
Преку содржината на филмот беше истакнато дека вистинската вера не е надворешна форма, туку живо покајание и доверба во Божјата волја, а светоста често се крие зад едноставноста и скрушеноста. На крајот беше упатена благодарност до сите присутни, а особено до епископот Марко за духовното вдахновение и заедничкото размислување на пораките што ги понуди филмот.


