ЗФГ „Копачка“ од Драмче со заедничка прослава на Новата година и Божиќ
Членовите на ЗФГ „Копачка“ од село Драмче, Делчево, во пријатна и празнична атмосфера ја одбележаа Новата 2026 година и празникот Божиќ. На заедничката прослава присуствуваа претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николко Стојменовски, и заменик-градоначалничката д-р Андријана Илиевска Велковски.

Од здружението беше истакната благодарност за поддршката од градоначалникот Иван Гоцевски и општинското раководство, пренесена преку претседателот на Советот, во насока на решавање на нивниот најголем приоритет – обезбедување соодветен простор за работа. Благодарност беше упатена и до д-р Александар Стојменовски и д-р Сандра Стоиловска за нивното присуство и придонес кон настанот.

Во рамки на прославата беше скршена празнична погача, а паричката ѝ припадна на Радмила Симевска, на која ѝ беа упатени честитки и желби за здравје, среќа и успех во понатамошниот ангажман во здружението.


