Здружението на граѓани „Багери“ од Македонска Каменица, со особена чест и задоволство, Ве поканува на свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“

Програмата од манифестацијата „Спортист на годината“ покрај доделувањето на признанија за нашите најдобри спортисти и спортските клубови од нашиот град, предвидува промотивни и поздравни обраќања и говори на истакнати личности од областа на спортот и од заедницата, како и пригодна културно-уметничка програма за збогатување на свеченоста.

Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица, на 24. јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот.
Ве покануваме да бидете дел од овој значаен настан, да ги поздравиме и заедно да им честитаме на најуспешните од областа на спортот за 2025 година во Македонска Каменица.
Со почит,
Звонко Прангов
Претседател на ЗГ „Багери“
Македонска Каменица

