Врвни македонски актери најави Тара Димитровска Стаменковска во новата театарска претстава за Македонска Каменица
Во новата театарска претстава што се подготвува за македонската публика ќе учествуваат тројца познати македонски актери – Кирил Трајковски – Максим, Благој Чоревски – Чоре и Ирена Илиевска.

Тара, како автор и иницијатор на проектот ја истакнува оваа соработка како голема чест, нагласувајќи дека претставата е резултат на посветеност, љубов и храброст во работата. Потврда дека квалитетната идеја секогаш го наоѓа својот пат.
Претставата тематски се осврнува на секојдневието, менталитетот и реалноста во која живееме, носејќи искрена приказна со силна емоционална порака, во која публиката ќе може да се препознае. Тара најавува смеа, емоции и моменти кои ќе остават траен впечаток.

Со овој проект се испраќа јасна порака за значењето на културата и театарската уметност во локалната заедница, при што се потенцира дека Македонска Каменица заслужува културни настани и автентични уметнички содржини.
Повеќе информации за терминот и местото на изведување на претставата се најавуваат наскоро.
