На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од с. Дулица, Македонска Каменица.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА 2025 ГОДИНА
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.
По целосно докуметирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобзирно управување со моторно возило”.

