Со големо задоволство денеска и официјално го отворивме Младинскиот центар кој треба да биде култно место за активните млади во Делчево, простор за креативност, идеи, едукација и градење заедништво, но и простор каде ќе можат да ја насочат својата енергија и потенцијал и да бидат вистински двигатели во општеството.

Мора да истакнам дека со овој чин денеска, ние за краток рок го решивме првиот приоритет кој произлезе од граѓаните на буџетскиот форум за 2026 г. Со ова докажуваме дека ние ги слушаме потребите на граѓаните и одговараме на нивните барања.
Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка за младите, за нивните идеи и иницијативи.
Центарот ќе работи како отворен инклузивен простор и ќе биде достапен за сите млади со цел да се поттикне нивната активност, вмрежување и учество во општествениот живот. Организацијата ЖЕНА од Делчево ќе раководи со Младинскиот центар. Јас им посакувам успешна работа, многу активности и успеси.
