Младинската организација Градец со донација за реновирање на домот на семејството на Ленка
Младинската организација на село Градец, Виница, информира дека денеска е извршена уплата на фактура во износ од 7.700 денари за набавка на градежен материјал неопходен за реновирање, меѓу кој цемент, F6 мрежа и два кубни метри песок.
Со оваа донација е обезбеден конкретен придонес за подобрување на условите за живеење на семејството на Ленка од Градец.
Од Младинската организација истакнуваат дека солидарноста и заедништвото остануваат нивна водилка и дека ќе продолжат со активности насочени кон помош на оние на кои им е најпотребна.

