Новата детска градинка во населба Расадник, полека го добива својот финален изглед. Од денес интензивно се работи на дворното уредување и инсталирање на сите планирани содржини.
Изразувам задоволство од текот на работите кои се во завршна фаза. Денеска се монтираа содржините околу новопланиранито детско игралиште, а согласно со проектот, од денес започнува и изградбата на дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, печашки патеки, детско игралиште со најразлични содржини.
Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.
Следува процес на набавка на мебел и други потребни средства, а се очекува новата градинка која ќе пружа одлични современи услови за престој и воспитно-образовна дејност на 130 дечиња, да ги прими своите први дечиња во текот на оваа 2026 г.

