Општина Зрновци потпиша договор за изградба на локален пат во село Видовиште
Денеска, во просториите на Локалната самоуправа на Општина Зрновци, беше потпишан договор за реализација на проектот „Изградба на локален пат од м.в. Оризни гумна до м.в. Друмот, село Видовиште“.
Вкупната вредност на градежните работи изнесува 5.302.620 денари без ДДВ, додека ДДВ изнесува 954.472 денари. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за транспорт, преку вториот владин повик.
За изведувач на работите е избран економскиот оператор „Компанија Ескаватори Урошевац“ од Република Косово.
Проектот се реализира како резултат на долгогодишните барања на жителите на село Видовиште и има за цел подобрување на локалната патна инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за секојдневно функционирање и локален развој.

