Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица
На 8 февруари, во Неделата на блудниот син, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе се служи Божествена Архиерејска Литургија.
Со Литургијата ќе началствува Митрополитот Видински г. Пахомиј од Бугарската Православна Црква, во сослужение со Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Од храмот упатуваат покана до верниот народ да присуствува во што поголем број и заеднички да учествува во Светата Литургија и примањето на Божествените Дарови.


