Продолжува уредувањето на крошните од листопадните дрвја во централното градско подрачје во Виница
По завршувањето на кастрењето на дрвјата долж булеварот, денес продолжија активностите и на главната улица „Маршал Тито“ во Општина Виница. Станува збор за редовни комунални активности со цел уредување на јавниот простор и зголемување на безбедноста за пешаците и учесниците во сообраќајот.
Надлежните информираат дека, доколку временските услови го дозволат тоа, работите се очекува да завршат денес и утре.
Од Општина Виница апелираат до граѓаните за разбирање, а до возачите за трпеливост, со препорака да не ги паркираат возилата на локациите каде што се врши кастрењето, со цел непречено и безбедно одвивање на работните активности.


