Општина Делчево започна постапка за отстранување на бесправно изградени објекти
Општина Делчево ја информира јавноста дека, во рамки на своите законски надлежности, е започната постапка за отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината. За таа намена, веќе е спроведена јавна набавка преку Бирото за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ја спроведува постапката.
Од Општината апелираат до сите физички и правни лица кои поседуваат бесправно изградени објекти доброволно да пристапат кон нивно отстранување, на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните општински и инспекциски служби ќе постапат со присилно отстранување, во согласност со Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.
Трошоците за присилното отстранување ќе бидат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на бесправно изградените објекти. Од Општина Делчево потенцираат дека мерката има за цел воспоставување законитост, уредување на просторот и заштита на јавниот интерес.

