Општина Кочани работи на нови урбанистички планови – јавна презентација и анкета за ДУП за градска четврт 13
Општина Кочани продолжува со активностите за изработка и донесување нови урбанистички планови. Во таа насока, организира јавна презентација и јавна анкета по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, за планскиот период 2022–2027 година.
Станува збор за нацрт-план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025 година, со површина од 69,12 хектари, изработен од ДТУ „Билд Урбан“ ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран:
– од исток по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“,
– од југ по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“ и осовината на железничката пруга Скопје – Кочани,
– од запад по оската на сервисната улица „Роза Петрова“,
– од североисток по оската на собирната улица „Страшо Ербапче“.
Јавната презентација ќе се одржи на 13 февруари 2026 година со почеток во 11 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.
Јавната анкета ќе трае до 4 март 2026 година. Во овој период, заинтересираните физички и правни лица од подрачјето опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови.

