Екипата на Каменица Саса го засили својот состав со ангажманот на 22-годишниот фудбалер Алмир Цаколи, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на клубот од Македонска Каменица.
Цаколи своите први фудбалски чекори ги направил во ФК Шкупи, а во досегашната кариера настапувал и за Арсими од Чегране, како и за Шкендија Арачиново, каде стекнал значајно искуство на домашната сцена.
Трансферот на младиот фудбалер беше реализиран со посредство на неговиот менаџер Ирфан Кајоли, а во Каменица Саса очекуваат тој да биде значајно засилување во продолжението од сезоната и да придонесе во исполнувањето на клупските амбиции.

