Архиерејска Литургија во Делчево по повод празникот на Светите Три Јерарси
На 12 јуни, на празникот посветен на Светите Три Јерарси, во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево беше отслужена Света Архиерејска Литургија.
Со Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид, на покана и во сослужение со надлежниот архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот делчевско-каменички г. Марко. Во богослужбата учествуваа и повеќе свештенослужители од епархијата.
По прочитаното евангелско зачало, беседа одржа Епископот г. Давид, обраќајќи се кон присутните верници со духовна поука во чест на големите учители и светители на Црквата.
На крајот од Литургијата, со пригодни зборови на благодарност и братска љубов се обратија Епископот г. Марко и Епископот г. Давид, истакнувајќи ја духовната радост од заедничкото литургиско собрание и молитвеното единство со верниот народ.
ФОТОГАЛЕРИЈА ОВДЕ: https://www.facebook.com/share/p/1C79ukC9By/с


