Македонска Каменица – Пожар зафати куќа во периферниот дел на градот, покрај регионалниот пат Македонска Каменица – Саса.
Според добиените информации од терен, во моментот на избувнување на пожарот во објектот се наоѓало едно лице, кое било навремено извлечено од страна на полициски службеници. На лицето му била укажана прва медицинска помош од екипа на Итната медицинска помош во Македонска Каменица.
На местото на настанот интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, кои со сите расположливи ресурси успеаја да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот.
Причините за настанување на пожарот засега не се познати и истите ќе бидат утврдени во истражна постапка од надлежните институции.


