Одбележани „Месни поклади“ во манастирот „Св. Спас“ во Драгобраште
Во организација на Здружението на жени „Златни срца“ од Виница, во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште се одржа манифестацијата „Месни поклади“.

Настанот беше посветен на зачувување на традицијата, верата и културното наследство, со цел зајакнување на заедништвото во локалната средина.
Манифестацијата имаше и хуманитарен карактер – средствата собрани од продажбата на домашно подготвена храна ќе бидат донирани за потребите на манастирот.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, како и пратеничката во Собранието, Даниела Христова. Во знак на поддршка, тие засадија плодородни и зимзелени дрвца во дворот на манастирот.


