Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот, а магла со видливост до 50 метри има на Плетвар и Пресека, информира Авто-мото сојуз на Македонија.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март е задолжителна зимска опрема во возилата и апелираат на внимателно возење, особено на делниците каде има опасност од одрони.
Патот Охрид – Ресен преку Национален парк Галичица е затворен до 31 март. Поради градежни работи и рехабилитации, изменет режим на сообраќај има на повеќе делници, меѓу кои Прилеп – Битола, скопската обиколница, Крива Паланка – Страцин, како и на патиштата Кичево – Охрид и Подмоље – Охрид, каде сообраќајот се одвива со девијации и со соодветна сигнализација.

