Успешен настап на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на општинскиот натпревар по биологија

Македонска Каменица – На 13 февруари 2026 година во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица се одржа општински натпревар по биологија, на кој учениците постигнаа значајни резултати.

Во VII одделение, Бојана Митевска освои II награда, а Дамјан Стоименовски III награда, под менторство на наставничката Виолета Накова.
Под менторство на наставничката Љупка Ристовски, Теона Николовска доби пофалница.
Во VIII одделение, Јана Петровска освои II награда, додека Нела Митевска доби пофалница.

Во IX одделение, под менторство на наставничката Љупка Рустовски, ученичката Тамара Таскова освои II награда, а III награда им припадна на Јована Петрушовска, Марија Стоименовска, Миа Паунова, Јана Спасевска, Ана Стојановска, Стела Велиновска и Ема Димитровска.
Од училиштето упатија честитки за постигнатиот успех и им посакаа уште подобри резултати на регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 27 март.


