ЧУПИНО WINTER VERTICAL 2026 – 5 километри и 1000 метри искачување
Во недела, 22 февруари, по осми пат ќе се одржи планинската трка „Chupino Winter Vertical“, која прерасна во еден од најатрактивните зимски спортски настани во регионот.

Трката е долга 5 километри со 1000 метри висинска разлика. Стартот е закажан во 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е на врвот Чупино. Организаторите најавуваат учество на околу 150 натпреварувачи од осум држави, меѓу кои и врвни вертикал тркачи од регионот. Со оваа трка официјално започнува новата сезона на Sky Running лигата.
По пристигнувањето на првите натпреварувачи, во 11:30 часот ќе започне музичка програма на отворено со DJ Ерик, групата Флоат и The Hounds.

Годинашното издание носи и еколошка порака за заштита на природата и поддршка против изградба на хидроцентрала на Блатешница, со цел зачувување на планината во нејзината природна состојба.


