Прво место за ученичките при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на регионалниот футсал турнир
Македонска Каменица – Со одлична игра нашите ученички успеаја да се наметнат како најдобри меѓу врсничките од другите училишта во регионот и заслужено да го освојат првото место.

Веста за успехот ја објави наставникот Зоран Златковски, кој упати честитки до учениците за вложениот труд и постигнатиот резултат.
Со оваа победа, училиштето уште еднаш го потврди континуитетот на успеси во училишниот спорт и достојно ја претстави Македонска Каменица на регионално ниво.


