Денес, на големиот христијански празник Прочка, упатувам искрена порака до сите граѓани, да побараме и да дадеме прошка.
Прочка не е само традиција, туку вредност што нè учи на човечност, разбирање и почит. Во духот на празникот, да ги надминеме недоразбирањата, да подадеме рака и да продолжиме напред со чисто срце и добри мисли.
Како градоначалник, свесен сум дека секоја одлука и секој чекор носат одговорност. Доколку сум направил ненамерна грешка или сум повредил некого, барам прошка. Верувам дека само со заемна почит и искрен дијалог можеме да изградиме посилна и пообединета заедница.
Нека ни биде ова ден за помирување, нов почеток и зацврстување на меѓусебната доверба.
Од срце – простете и нека ни е за многу години!

