Во новата детска градинка во населба Расадник заврши изградбата на ново детско игралиште со повеќе реквизити и безбедна подлога, наменето за најмладите.
Паралелно со тоа, во тек е изградба на дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, пешачки патеки, како и поставување клупи и корпи за отпад, согласно предвидената проектна документација.
Градежните активности ги изведува компанијата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот изнесува 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.
Од надлежните информираат дека работите се одвиваат со засилена динамика, со цел обезбедување поквалитетни и побезбедни услови за престој на децата.




