Ловното друштво „М.Каменица–Саса“ потпиша договор за користење на ловиштето „Вратиславци“
Ловно друштво „М.Каменица-Саса“ денеска го потпиша Договорот за користење на дивечот во ловиштето бр. 5 „Вратиславци“, со што и официјално го продолжи стопанисувањето и управувањето со ова ловиште.
Од друштвото упатија благодарност до членовите за поддршката и истакнаа дека ловиштето ќе биде отворено за ловци кои го почитуваат ловечкиот кодекс и ќе се вклучат активно во исполнување на обврските што произлегуваат од управувањето со дивечот.

Претседателот Гоце Стоиловски изјави дека потпишувањето на договорот претставува значаен момент за друштвото и обврска за одговорно и домаќинско работење. Тој нагласи дека приоритет ќе биде почитувањето на правилата, грижата за дивечот и зачувувањето на природата.

Од Ловното друштво порачаа дека претстои период на посветена работа, со јасна цел – одржливо и законско стопанисување со ловиштето.

