Февруарска крводарителска акција – собранa 51 крвнa единицa
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција.
На акцијата крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители.
Акцијата е втора што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

