Ловно друштво „М. Каменица–Саса“ информира дека влезниците за ловечката вечер, која ќе се одржи на 14 март 2026 година (сабота) во ресторанот „Иднина“, се целосно распродадени. Пополнет е капацитетот од 201 место.
Од друштвото изразуваат благодарност до пријателите и поддржувачите кои ја помогнаа организацијата на настанот, и тоа:
„Нико Стил“, „Кам Бисер Гранити“, „Де Пласт“, „Адри Груп“, „Анабела 2018“, Одгледувачница на свињи „Јовче – Турија“, „Кав Кам“, „Бор-На Шпед“, „Руд Фуд“, „Мебел Де“, „Таке Пром“, „Ел Компани“, „Ви-Ор“, „Јаков“, „Иднина“, „Кај Кацата“, „Белисима“, „Таки-Таки“, „Месара Мацо“, „Перална Лука“ и „Пиљара Паке Фреш“.
Организаторот најавува и дополнителни спонзорства за збогатување на лотаријата, за кои јавноста ќе биде дополнително информирана.

