Библиотеката во Делчево ги награди најактивните читателки по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

Во Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, каде што мнозинството членови се жени, по повод 8 Март традиционално се наградуваат најредовните и најактивните читателки.
Годинава, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, библиотеката ги одбра и награди три редовни читателки: Марија Илиевска, Тања Лазаревска и Роза Дамјановска. На нив им беа доделени цвеќе и книги како знак на признание за нивната континуирана посветеност на читањето.
„Жената што чита никогаш не старее, таа постојано расте“, велат од библиотеката, изразувајќи надеж дека наградените ќе продолжат да бидат активни членови и инспирација за другите.


