Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ отслужена Василева литургија по повод втората недела од Великиот пост
Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена Воскресна утрена и Света Божествена Василева литургија по повод втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама.
Во својата беседа, отец Милан го протолкува евангелското четиво, истакнувајќи го значењето на верата, покајанието и духовната борба во животот на христијанинот. Тој нагласи дека постот е време на духовно очистување и приближување кон Бога.


