Одржана четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“
Во Виница се одржа четвртата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ – Млади исток“, во организација на Здружение ИНИ. На настанот учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници на невладини организации и институции.
Проектот има за цел формирање младински хаб што ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади од Македонска Каменица, Виница и Делчево.
На работилницата, експертот Зоран Биковски одржа обука за управување со социјални претпријатија, развој на бизнис идеи, правни и финансиски аспекти, изработка на бизнис план и пристап до фондови и извори на финансирање.
Активноста е дел од проектот „RAISE CSOs“, имплементиран од Младински Сојуз Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи НОВУС и Асоцијација Паблик, со поддршка од Европска Унија.



