Костадиновски со честитка по повод Рамазан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед
Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.
Во својата порака, тој им посака празникот да го поминат во радост, хуманост и хармонија, опкружени со семејството, пријателите и соседите.
Костадиновски нагласи дека овие празнични денови се потсетник на значењето на толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитувањето на универзалните човечки вредности.
На крајот, упати честитка до сите верници со порака: Честит Рамазан Бајрам.

