Фудбалските третолигаши од групата Исток ќе ги одиграат натпреварите од редовното 24-то коло, кое поради Велигденските празници ќе се одигра во сабота. Екипата на Каменица-САСА во ова коло во борбата за нови три бода и трето место на табелата и гостува на ФК Плачковица во Радовиш.
Еве ги комплетните парови за ова 24 коло:
1. Овче Поле – Василево
2. Рудар 1947 – Кит Го Пехчево
3. Брегалница Г – Малеш
4. Осогово – Напредок ЗР
5. Беласица – Слога 1934
6. Плачковица – Каменица САСА
Слободни: Работник Џ и Тиверија
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота, 15 април, со почеток во 16:00 часот.
