Денес се играат завршните натпревари од турнирите во мал фудбал, баскет и ракомет кои се играат во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“.
Финалето во мал фудбал ќе се игра помеѓу екипите на Го пласт и Делириум, додека полуфиналните двојки во баскет се: Клиф оф Мохер – Рима консалтинг, и Коце комерц – Коко.
Финалето во ракомет (женска конкуренција) ќе се одигра помеѓу екипите на Такси Уно и Романса.
Досега се познати шампионите во пинг понг – Антонио Димитровски, во тенис (машка конкуренција) – Дарио Стојковски и тенис (женска конкуренција) – Анастасија Стојковска.
По завршувањето на сите финални натпревари ќе следува официјалниот дел за доделување на медали, пехари и награди за најдобрите уќесници на овогодинешниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“.
