На 98-годишна возраст почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис, објавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение на семејството. Според информациите политичарот починал утрово, околу 1 часот.
Тој е татко на Кириакос Мицотакис, актуелен лидер на “Нова демократија”, сега во опозиција. Неговата постара ќерка Дора Бакојани беше министер за култура, министер за надворешни работи и исто така градоначалник на Атина.
Извор: СтарТВ – Штип

