
Еден Швајцарец е осуден заради клевета бидејќи на Фејсбук стиснал „лајк“ на критиката на претседателот на едно здружение.
Ова е првпат во Швајцарија некој да е осуден заради „лајк“ со кој на Фејсбук се означува дали нешто ви се допаѓа или не.
Според пресудата на окружниот суд во Цирих, 45 годишниот граѓанин, чие име не е наведено, осуден е бидејќи ставил „лајк“ на коментари на Фејсбук во кои претседателот на здружението на противници на сточарските фарми и кланици, без докази е наречен „расист, фашист и антисемит“.
Дискусијата на активистите за одбрана на правата на животните, заради која е изречена пресудата е од 2015 година.
Во пресудата судот наведува дека тој човек, со тоа што кликнал „лајк“, го проширил вредносниот суд и обвинението што не може да се докаже.
Осуден е на казна од 4.000 швајцарски франци(3.700 евра), а има и право на жалба.
