Македонска Каменица, 03. Јуни 2017г.
(kamenica.mk)
ЗРСК “Шаран” ги известува своите членови риболовци дека од денес започнува риболовната сезона во водите на Калиманско езеро. Како услов за рибарење покрај Државна риболовна легитимација треба да се поседува и дневна карта, која ќе чини 200 денари, односно сезонска карта која ќе може да се купи по цена од 2000 денари. Истите можат да се подигнат единствено кај “Прангов”, во центарот на Македонска Каменица.
