
На 31 октомври 2016 година пријавениот, вработен во Основен суд Делчево на работно место помлад референт-доставувач задолжен да врши достава на судски писма, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности на начин што поканата за подготвително рочиште наменета за тужителот Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево ја доставил до Јавно претпријатие „Македонски Шуми ПСШ Голак“ Делчево.
Поради тоа правното лице Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево на 7 декември 2016 година не присуствувало на подготвителното рочиште, со што го изгубил спорот, а со тоа му била нанесена штета во висина од 13.300 денари, соопштија од полицијата.
