На 7-ми Јуни (среда), со почеток во 13 часот, во фоајето на Домот на Културата во Македонска Каменица, ќе се оддржи самостојна изложба на Христина Деолска. Настанот е во организација на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, а на изложбата ќе бидат претставени 100-тина дела насликани во последните пет години. Сите дела што ќе бида изложени се изработени во техниката „Енкаустика“. 
Енкаустика е техника која потекнува од Египет и е една од најстарите во историјата на уметноста. Кај нас е многу ретко застапена и мал е бројот на уметници кои сликаат на овој начин. Христина Деолска, делата ги слика со пегла и мрсни бои, а како архитект по професија, уметноста како нишка ја врза и за сликањето и за поезијата.
