
Вчера попладне во 19 часот и 30 минути на пешачка патека во Делчево се случи сообраќајна незгода во која тешко повредена е 62 годдишна жена која се здобила со скршеници и контузии и се наоѓа на лекување во Клиничката болница во Штип. Незгодата се случила кога мопед управуван од малолетничка која не поседува соодветна дозвола и со сопатничка на мопедот, директно удрил во 55 годишната делчевчанка која пешки се движела на патеката. Малолетничката која управувала со мопедот при незгодата се здобила со лесни повреди. Од почетокот на годинава на територијата на СВР Штип евидентирани се три сообраќајни несреќи во кој учствувале мопеди и моторцикли и билансот на повредени се еден возач на моторцикл со тешки телесни повреди и двајца со полесни повреди кои управувале мопеди.
Извор: Канал Плус
