Уште 11 дена до концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Македонска Каменица. Промотивните влезници се продаваат во Cliff of Moher, по цена од 150 денари , a од среда (21.06.2017) во продажба ќе бидат пуштени редовните влезници по цена од 200 денари. Цената на влезниците на влез на концертот ќе биде 250 денари.
Од организацијата е најавено дека концертот ќе се работи по највисоки стандарди, со одлична техничка опрема (озвучување и осветлување). Cliff of Moher ќе постави неколку шанкови, а цената на пијалоците ќе биде иста како и секојдневните цени во пабот и нема да се зголемува.
Концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд е најава за музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica кој годинава ќе се оддржи на 18-19 август.
Не пропуштај! Подготви се! True Sound Of Kamenica доаѓа!
