07.07.2017 Случај на семејно насилство регистрирала охридската полицијата, во кој малолетен син од Кочанско го претепал својот татко.
Од увидот што го направиле полициските службеници е констатирано дека има доволно основи за да биде поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.
Според информациите од СВР инцидентот се случил минатиот месец во стан во Охрид каде пријавеното лице заедно со својот родител имало привремен престој. Од полицијата велат дека 15-годишниот малолетник од кочанската населба Оризари, на 9 јуни годинава околу 19,50часот започнал вербална расправија со татка си.
Во еден момент тој му се нафрлил и започнал да го удира со цврст предмет. Од ударите, оштетениот родител Г.И. се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.
Настанот бил пријавен во полиција која го извршила увидот, а повредениот бил однесен во болница каде е санираната повредата.

Инаку, и овој инцидент ќе влезе во евиденцијата за малолетничка деликвенција за оваа година. Според минатогодишниот извештај на Ценаторт за социјални работи од Кочани, вкупно 49 кривични дела извршиле малолетни лица што е за околу 10% повеќе во однос на 2015 година. Притоа, 23 лица до 18-годишна возраст биле евидентирани за предизвикување и учество во тепачка, физички напад и дрско и непристојно однесување.
Извор: Канал8
