26. Јули 2017г (kamenica.mk)
Во сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат кон Делчево загина едно лице.Несреќата се случила кога возило со странски привремени таблички удрило во мотокултиватор.
Од силината на ударот возачот на мотокултиваторот излетал и удрил во колата здобивајќи се со тешки телесни повреди,на кои им подлегнал на патот кон болница.И возачот на колата и возачот на мотокултиваторот се од Делчево, информираат од Полицијата.
На лице место на несреќата беа излезени екипи од МВР и од ОЈО.Сообраќајот додека траеше увидот беше блокиран ,но возилата се пренасочуваа по друг алтернативен пат.

